| |

ВРАБОТЕН ВО МВР ПРЕДУПРЕДУВАЛ ДЕКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“

Веќе два часа се читаат транскрипти од нелегално прислушувани материјали од УБК, а поврзани со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, јавува Фокус.

Од неколку разговори на вработен во МВР, се создава впечаток дека тој предупредил дека ќе се случи нешто лошо.

-Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото.

Слични Објави