Времето денес: променливо облачно и студено со сончеви периоди
Студен бран од портокалова фаза денеска ќе ја зафати целата држава. Утринските температури ќе се движат од -17 до -9 степени, а дневните од -4 до 2 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се симне до минус 15-тиот степен, а дневната ќе се искачи само до -2 степена.
Во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
