Времето денес сончево и топло, во наредните денови температури и над 40 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=9
Во Скопје сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степена.
Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.