|

Времето денеска облачно, со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.



Слични Објави