ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВАРТОЛОМЕЈ: СО ЉУБОВ ГО РАЗГЛЕДУВАМЕ БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА
Во ексклузивното интервју за бугарската агенција БГНЕС, вселенскиот патријарх Вартоломеј детално ја објаснува одлуката на Вселенската патријаршија да ѝ даде автокефалност на Украинската црква, за блиските односи со Бугарската православна црква и за барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за автокефалност.
„Вселенската патријаршија го доби барањето на митрополитот Стефан, поглавар на таканаречената „македонска црква”. Всушност, секој случај е единствен. Црквата-мајка секој случај го разгледува во духот на љубовта и единството и како секогаш се стреми кон духовна корист и спас за верниците. Таа и во наредните години, во истиот дух секогаш ќе продолжи да управува со грижа и љубов“, изјави меѓу другото Вартоломеј во интервјуто за БГНЕС.
Извор: МКД.мк
