Д-Р ТАРАВАРИ СО ХУМАН ПРЕДЛОГ: ГРАДСКАТА КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ДА СТАНЕ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
„Барокната зграда, Градска куќа, во центарот на Скопје, идеално место за оснивање на специјална институција за целодневен престој и третман за деца со посебни потреби!
Да ја покажеме нашата искрена заложба за оваа категорија на граѓани!
Претендираме за ЕУ, ваква институција и недостасува на СРМ“, напиша на својот facebook профил градоначалникот на Гостивар д-р Арбен Таравари.
