| |

Габриел: Местото на Бугарија е во Шенген, Еврозоната и Организацијата за економска соработка и развој

Местото на Бугарија е во Шенген, Eврозоната и Организацијата за економска соработка и развој, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, пренесува БГНЕС.

Таа го даде коментарот на традиционалниот состанок, на кој се претставуваат приоритетите на Европското претседателство. По 13 -ти пат, таа чест се паѓа на Белгија, која што го става владеењето на правото демократијата и помошта за Украина како нејзини главни приоритети. Габриел истакна дека тоа се водечките приоритети и за бугарската влада.

„Бидејќи Бугарија ќе биде во Шенген, Шенген зоната ќе биде посилна и поефикасна. Бидејќи Бугарија ќе биде дел од еврозоната, ние ќе бидеме дел од јадрото на одлучувањето и ќе продолжиме да го правиме еврото една од најсилните валути во светот А бидејќи во ОЕСР имаме стандарди кои даваат гаранција и за инвеститорите и за нашите граѓани… Нашето место е во Шенген, во еврозоната и во Организацијата за економска соработка и развој“, изјави Марија Габриел, цитирана од БНР.

Фото: БГНЕС

Слични Објави