Втора бугарско-турска бизнис-средба се одржа во Гоце Делчев
Претставници на бизнисот и локалните власти од Бугарија и Турција учествуваа на втората бугарско-турска бизнис-средба во Гоце Делчев, организирана во рамките на проектот „Развој на трговските мрежи за заедничка иднина“, јавува Пиринско.
Форумот го организираа Трговско-индустриската комора во Гоце Делчев и комората од турскиот град Сунгурлу, со поддршка на Општина Гоце Делчев. Главна цел е продлабочување на економската соработка меѓу Европската Унија и Турција и создавање нови деловни партнерства.
На средбата учествуваа претставници од општините Гоце Делчев, Сатовча, Гармен и Хаџидимово, како и турска делегација со бизнисмени од повеќе региони и градоначалникот на Богазкале, Адем Озeл.
Заменик-градоначалникот на Гоце Делчев, Богдан Боцев, истакна дека целта е да се утврдат конкретни можности за соработка меѓу бугарските и турските компании, заеднички иницијативи, трговска соработка и идни инвестиции.
„Успешните економски односи се градат пред сè преку личен контакт, меѓусебна доверба и отворен разговор“, посочи Боцев.
Во рамките на посетата, турската делегација ја посети и Природно-математичката гимназија „Јане Сандански“ во Гоце Делчев, каде што се запозна со условите и образовната средина во училиштето.

