Владата го разгледа новиот Национален план за управување со квалитетот на јавниот сектор

/

Владата на денешната 85-та седница ја разгледа Информацијата за почеток на изработка на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија 2023-2025 година, подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Новиот Национален план има за цел подобрување на услугите што владините институции ги нудат преку изградба на ефикасен, модерен и транспарентен граѓански сервис што ќе обезбеди висок квалитет на работа.

– Ваквите иницијативи и модерни практики во примената на меѓународните стандарди за квалитет во управувањето се очекува во иднина да бидат интегриран во сите владини политики и да станат императив во сите јавни институции, информира владината Прес-служба.

Како што се наведува во соопштението од владината седница, подготовката на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор за периодот 2023-2025 година, Министерството за информатичко општество и администрација го започна со поддршка на Регионалниот центар за управување со квалитет од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).



Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Владата одобри 1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија во Скопје

Следна статија

Трае потрагата по возачот на „голфот“ што падна во Вардар

Најново од Вести