Вториот борбен авион Ф-16 ќе пристигне во Бугарија за еден месец
Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрjaнов, изјави дека вториот борбен авион F-16 ќе пристигне во земјата кон крајот на овој или почетокот на следниот месец, пренесува БГНЕС.
„Пристигнувањето на F-16 е нова етапа во модернизацијата и развојот на нашите воздухопловни сили. Во последните неколку години, проблемите со борбената авијација се јавно познати. Сега имаме нова платформа, која користи најнови технологии, а тоа дава радикална промена на нашите способности. Не зборуваме за ловец, туку за првото повеќенаменско бугарско летало“, објасни Запрjанов во емисијата „Панорама“ на БНТ.
Реновирана е пистата каде што авионите ќе слетуваат, а се работи и на други воени објекти кои треба да бидат завршени до крајот на годината. Единствениот проект што доцни е зградата за тренажер за обука на пилоти.
Во моментов се во тек четири проекти за модернизација на армијата: набавка на F-16 авиони, изградба на нови военопоморски бродови, производство на машини “Страјкер” и набавка на противракетниот систем IRIS-T од Германија. Исто така, се водат преговори со Франција за купување три координатни радара. Ако и тој проект се реализира, ВВС ќе биде целосно обновен.
Запрянов истакна дека бугарската армија е патриотска и целосно посветена на заштита на земјата, со активна улога во НАТО и ЕУ операциите. Голем дел од офицерите и сержантите се обучувани на западни воени академии и служат на важни меѓународни позиции.

