|

Вучиќ доби свирежи и пцовки од граѓани на Белград

По упадот на демонстранти во просториите на Српската напредна странка (СНС) на улица „Цвичева“ во Белград, на местото пристигна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, придружуван од своето обезбедување и мала група приврзаници, јавува БГНЕС.

Жандармеријата со употреба на солзавец ги растера демонстрантите од просториите на партијата, а дел од толпата се упати кон Правниот факултет. Во тој момент, Вучиќ влезе во седиштето на СНС, заедно со обезбедувањето, жандармеристи и неколку симпатизери кои пред камерите извикуваа: „Ацо, Србине!“

Сепак, во телевизискиот пренос не се слушна реакцијата на жителите од улицата. Од прозорците тие го пцуеја и исвиркуваа претседателот. На видеоснимка од говорот пред просториите може да се забележи како припадници на специјалното одделение „Кобри“ гледаат кон становите од каде што доаѓаат свирежите, а во еден момент се слушна и глас од обезбедувањето: „Влегувајте внатре!“

Кога кортежот на претседателот ја напушти улица „Цвичева“ и сврте по „Здравка Челара“, граѓаните го испратија со свирежи и негодување.

Слични Објави