| |

Вучиќ лично ќе учествува во антибугарската кампања во Сурдулица

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе учествува во одбележувањата поврзани со комеморацијата на т.н. „Сурдулишки маченици“, што се дел од антибугарската кампања, што ја води српската власт, јавува БГНЕС.

Во Сурдулица се очекува да пристигне и српскиот патријарх Порфириј, кој е близок пријател и лојален сојузник на српскиот претседател во спроведувањето на политиката за дестабилизација на земјите од Западен Балкан, вклучително и со фалсификување на историјата.

БГНЕС потсетува дека во последните месеци властите во Белград на секој можен начин го стимулираат говорот на омраза кон Бугарите со измислени тврдења за „бугарски злосторства и окупација“ за време на Првата светска војна.

Режимот на Вучиќ планира низа настани, меѓу кои свечени научни сесии, создавање на Спомен костурницата, Спомен-куќата, печатење на јубилејна поштенска марка, концерт на света музика, проекција на филм за мачениците од Сурдулица, и снимање на документарен филм.

Најодбивниот дел, од овие активности е поврзан со ученичкиот натпревар за деца од 7и 8 одделение и за децата во средните училишта, кои треба да пишуваат за „бугарските злосторства и окупација“, со што омразата кон Бугарија се негува уште од училишната клупа.



Слични Објави