| |

Вулгарни антибугарски транспаренти на спортски натпревар во Битола- нема реакција од ниту една официјална институција во РС Македонија

За време на ракометниот натпревар помеѓу екипите на Пелистер/Битола/ и Вардар/Скопје/ на трибините во салата беа истакнати огромни цинични и вулгарни транспаренти против Бугарите, јавува бугарската агенција БГНЕС.

И покрај сериозното полициско присуство, никој не се обидел да ги отстрани или да побара симнување на транспарентите. Досега ниту спортската федерација ниту Агенцијата за млади и спорт не го осудиле чинот. Нема реакција од политичките партии, како и од МНР на Бујар Османи, пишува БГНЕС.

Освен вулгарните натписи на еден од транспарентите, пишува дека „пред 20 години во Скопје го уништиле Радко“, а денес битолчани спијат како п… / Радко е првото бугарско здружение во РСМ. Ретко е еден од псевдонимите на Иван Михајлов.

Начинот и стилот на пишување на транспарентите потсетуваат на антибугарските транспаренти при посетата на бугарската делегација на Битола на отворањето на Центарот за култура „Иван Михаилов“ пред две недели, стои во материјалот на БГНЕС.



Слични Објави