ЗА 10 ДЕНА ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАКЛАНИ 18 ИЛЈАДИ ДОМАШНИ СВИЊИ
Во рок од 10 дена 4000 диви свињи треба да бидат застрелани, а околу 18.000 домашни, заклани. Ова се радикалните мерки кои ги презема Владата со цел заштита од африканската чума која се појави во Бугарија и Србија. Болеста не се пренесува кај луѓето, јавува 360 степени.
Според планот, ловците ќе добиваат награда од 1000 денари за секоја застрелана дива свиња, и месото им останува на располагање. Ловните друштва имаат рок од 10 дена да истребат половина од свињите кои биле планирани за отстрел годинава. Ако не успеат, АРМ ќе ја преземе работата.

