За 24 часа 10 смртни сличаи, нови 410 позитивни од 2674 тестови
Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Регистрирани сe 290 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 8.110.