За бугарското добрососедство

//

FB статус на Стево Насковски

Не се осврнувам на политички теми што се застапени моментално во медиумите туку писаниево е од лично искуство. Викендов што помина со семејството, јас сопругата и двете ќерки 2 и 6 години одлучивме по краток шопинг во Софија, Бугарија да продолжиме со престој во Банско.

На самиот излез од Македонија нашите полициски службеници ми укажаа дека гума од возилото ми е дупната и почнува да издишува, утврдивме заедно дека парче од клин за обележување на патишта влегол во пневматикот, (знаете нашиот дел од патот од Коридор 8 се реновира веќе подолго време) и веднаш интервенирав со спреј- пена за моментално лепење на гумата и требаше да побарам веднаш вулканизер во Ќустендил. При влезот во Бугарија на Бугарските цариници и полициски службеници им укажав за ситуацијата со гумата и ме упатија на таа и таа локација во Ќустендил, велат има гумаџии, они веднаш ќе ти помогнат, ќе им јавивме ми вели службеникот едниот ми е сосед.

Возејќи од ГП Ѓуешево кон Ќустендил на пола пат застанав да ја видам гумата дали држи уште спрејот или издишала, ме виде полициски џип кој се движеше по патот, секако виде дека сум со МКД регистрации и деца во колата, застана полицаецот и ме праша дали со гумата имам проблемот, му ја објаснив ситуацијата и тој ме упати вулканизерот се наоѓа таму и таму кажи дека те испраќам јас ми го кажа името негово и ми вели ако сметаш дека има потреба, односно сметаш дека гумата нема да издржи да возам зад тебе за недај Боже. Му реков нема потреба и дека сметам дека ќе издржиме до таму. Стигнавме кај гумаџиите како што ги викаат, дечките спремни за 5 минути ја залепија гумата и така безбедно продолживме по пат.



Тука не заврши доброто однесување од Бугарите, при пристигнувањето во Банско и пријавувањето во хотелот, бидејќи малку доцневме од закажаниот термин за пријавување им објаснив дека сме биле во Софија на мал шопинг и дека сме имале непријатности по пат и се извинуваме што доцниме, истите не замерија за тоа и наместо, како што имав резервирано апартман со една спална соба и детско креветче ни дадоа апартман со две спални соби за истата сума платена преку Букинг.

Тука се сетив на муабетот на еден мој близок кој го кажува до ден денес кога пред неколку години сакал да го посети вечното почивалиште на Александров кој се наоѓа над Мелник, прашувајќи локални жители како да стигне до таму, еден локалец зел со своето возило ги одвезол него и сопругата до самото место кое е одалечено 7км без било каква парична надокнада, по пат што само џип може да го искачи.

Дополнително, да не говорам за пријатното однесување на дуќанџиите, угостителите од типот, добре дојдовте, довидување, имајте убав ден и сл. кај нас тоа со пола уста го изговараат а дури не ти не поздравуваат, а не па како ситуацијава со пријателот некој да качи во кола туристи и да одвезе некаде.

Така да џабе на агентурите од двете страни што сакаат да го раскараат народот, што нон стоп пукаат навреди и провокации, таму никој не те прашува дали го подржуваш Договорот со Бугарија или не, или што мислиш Гоце Делчев каков бил и слично, те гледаат како човек, зошто на никој не му пишува на челото јас сум за добрососедство или ја мразам Бугарија… џабе се пењават и едни и други со навреди во стилот „татари“ или „макета макарони“ граѓаните си помагаат кога се во мака, бизнисите си течат, народите се одамна во ЕУ, политичарите по се изгледа се за рефреширање!

Во тоа име да живее македонското-бугарско пријателство и цело Балканско пријателство, вакви ситуации на солидарност и добро однесување од граѓани сум имал и во Албанија и Србија…политичките актери се за греота !

Претходна статија

„Балансерот“ како реприза

Следна статија

(Видео) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести во Скопје, РС Македонија и Бугарија обединети ќе продолжиме да одиме напред

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното