| |

Јас сум еден многу изнервиран патриот…

Фб статус на Елисавета Белобрадова, пратеничка во бугарскиот парламент

Јас имам 44 години…

Спознавањето на мојот живот започна пред 41 година и од 41 година се занимавам со Советскиот Сојуз.

Откако паметам, се издигаа и спуштаа портрети на Ленин, се навраќавме назад во времето, кон споменот што точно се случило во руско-турската војна, потоа заборававме.

До нас имам два споменика на советскиот војник. Колку имам на Гоце Делчев? На Ботев?

„Ајде, започна со патриотските прикаски“, ќе рече некој.

Па да.

Јас сум еден многу изнервиран патриот на којшто му е дојдено преку глава:

1. Да повторам, дека руската култура и литература се велики, за да не си помисли некој нешто.

Зошто никој не се расправа за италијанската култура? Па, затоа што другите култури не се користат како алиби. Ако Италија ја нападне Словенија, никој нема да зборува за Верди, ЗАТОА ШТО ДВЕТЕ НЕМААТ НИШТО ЗАЕДНИЧКО.

2. Здосадено ми е да го одвојувам рускиот народ од неговите владетели.

Па тоа не беа Сталин, Ленин, Хрушчов, Брежњев, Путин, Медведев. Колку години внимателно ќе го делиме тој народ и ќе зборуваме за неговата душа? Јас сакам секој четврток попладне да го одвојувам данскиот народ од неговите лидери, но не ја познавам душата на просечниот Данец, бидејќи данскиот народ и неговите лидери никогаш не ме занимавале со себе си.

3. Да велам, дека немам ништо против Русија и „обичниот Русин“.

Како сите останати нации го надминаа фактот што некој има нешто против нив? Французите беа шовинисти, Германците имаа светски војни зад себе и немаа смисла за хумор, Англичаните го колонизираа половина свет и секој може да зборува за тоа. Тие самите зборуваат за тоа. Само со Русија треба да бидеме внимателни.

Како досадно поранешно нарцисоидно момче, Русија цел живот ми ѕвони на вратата со своите шпиони, гасот, олигарсите и конечно зеде ја нападна Украина за да убие илјадници луѓе, затоа што не е во состојба да направи дури и еден исправен мобилен телефон, којшто ќе се продава.

Другите држави го измислија Интернетот, направија роботи, отидоа во вселената. Во принцип, тие одат на работа.

Русија отиде во Украина за да денацизира некакви нормални граѓани, предводени од граѓанин од еврејско потекло, кои сакаат да влезат во ЕУ. Само за да го занимава целиот свет со себе.

А најодвратното е тоа го читам на интернет и гледам како бугарски пратеник се радува, за тоа што Русите имале насочувачки ракети, и можеле да ја погодат владата.

Сега да објаснам нешто. Во бугарската влада министерски има Бугари – добри, лоши, политички сојузници, политички противници – не е важно.

Бугарија е над сѐ.

Тие зборови ќе се разберат, кога ќе ти тропнат на границата луѓе, коишто сакаат да те денацизираат.

Секоја радост, дека странска војска (се разбира руската, секогаш е руската) може да удри институција во Бугарија, е национално предавство.

Јас сум бугарски граѓанин и имам мечта. Да живеам без да имам ни најмала претстава за тоа што се случува со Русија со години.

Како со Малта, на пример.

Инаку, чувај Боже да не помислите дека не сум го читала Лермонтов. Сум го читала. Одличен е.



Слични Објави