ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ОДЛУКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И НОВА ПОДДРШКА ОД ДРЖАВАТА, НАЈАВУВА БЕКТЕШИ

/

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени, а за што очекува конкретни предлози од Туристичко угостителската комора, пренесува Канал 5.

– За отворањето на кафетериите и рестораните е формирана работна група, истовремено се консултираат стопанските комори, а посебно коморите што го претставуваат угостителскиот сектор. Мислам дека Владата за кратко по заклучок и препорака на Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство ќе донесе одлука. Во моментов не можеме да прејудицираме каква одлука ќе биде донесена од страна на Владата или пак која би била препораката која се прави во консултација со стопанските комори, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која објави дека над 19.000 компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати.

Прашан дали ќе се преземат мерки за нова поддршка за угостителите затоа што според истражувањето на туристичко угостителската комора, 95 проценти од угостителите не се задоволни од мерките, Бектеши потенцираше дека не знае од каде се извадени таквите податоци затоа што, вели тој, има голем интерес за владините мерки за помош на компаниите.





Претходна статија

ОБЈАВЕНА ПОШТЕНСКА МАРКА ПО ПОВОД ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО

Следна статија

УСТАВНИОТ СУД НЕМА ДА ЈА ОЦЕНУВА УСТАВНОСТА НА ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА ПРВАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ОД 18 –ТИ МАРТ

Најново од Вести