За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада
Facebook статус на Ивон Величковски
“Гаранции” за македонскиот идентитет не се издаваат на потврда со закачена фискална сметка.
За мојот етнички, македонски идентитет проткаен низ мојот мајчин македонски јазик, култура, општествено однесување и сл. не разговарам, а не пак да барам некој да ми го “гарантира”.
Ниту полемизирам како етнички се чувствува било кој припадник на нацијата на Северна Македонија или припадник на друга нација.
Македонскиот идентитет и јазик се гарантирани низ ОН, Преспанскиот договор, се до Преговарачката рамка со ЕУ и договорите што ги потпишуваме потоа, формално или фактички, соодветно на споменатите акти.
ЕУ конкретно е заедница на држави и наднационална творба.
Се останато е последица на заглавеноста на ВМРО-ДПМНЕ во партиската реторика за доаѓање на власт – но во втората година од своето владеење.
Прифаќањето на СДСМ сега да “бара” гаранции од Софија има иста цел, но гротескен лик.
Оттука обидот на премиерот Мицкоски да го набеди екс-министерот за надворешни, Османи за штета по македонскиот идентитет, се само израз на немоќ во надворешната политика на Владата, бидејќи на Мицкоски:
-никој не му прифати ширење на кавгата надвор, па сега мора да се кара дома, и
– со Извештајот на ЕП му е понудена политичко-реторичка отстапница за да си ја врати Владата на интегративната политика, доколку не инсистира на триумфализам и злоупотреба на дефиницијата.
Ништо повеќе и ништо помалку, со ограничен рок на важење на понудата.
