За обединувањето околу нашата заедничка историја – цар Самоил erga omnes (IІI)

//

Пишува: доц. д-р Наум Кајчев

Текстот е одговор на блогот „Обединување околу „историски вистини“ или околу различности? (II)“ од Огнен Вангелов и Љупчо Ристески, објавен на 28 мај, 2021 година.

Доколку постојано создаваме разлики, поделби и граници, доколку потпалуваме затегнатост и непријателство, тогаш тажно ќе го практикуваме англискиот пејоративен глагол balkanize – „делам нешто на неколку мали политички единици кои заемно војуваат помеѓу себе“. Треба да се претпочита една друга варијанта – да го споделиме заедничкото и позитивното, и со тоа да бидеме похармонични и поподготвени за нашата заедничка европска иднина.

Со овој краток текст би сакал да ја завршам од своја страна дискусијата за името и за карактерот на државата за познатиот средновековен владетел од Преспа. Се надевам дека со неа ќе придонесеме за подобра информираност на читачката јавност во Република Северна Македонија и во Република Бугарија.

Членовите на Заедничката комисија за историски и образовни прашања од Република Северна Македонија, Огнен Вангелов и Љупчо Ристески, повторно се обидуваат да дадат одговор на мојот текст, во кој, да споменам, дека освен изворите, како на современи авторитетни византолози од Велика Британија и САД, се вклучени и извори од Балканот – Хрватска, Србија, Албанија, Косово, вклучувајќи и албански историчари од Северна Македонија, ја разгледуваат државата на цар Самоил на сличен начин: како Бугарско царство.



Кое е името на државата на цар Самоил?

Во својот нов блог двајцата коавтори повторно не наведуваат докази за тоа дека Самоил бил некаков „небугарски словенски“ или „македонски“ владетел. Иако без ентузијазам, тие ги прифаќаат заклучоците на современата историографија за тоа дека Самоил бил цар на Бугарија: „Именувањето на царствата како бугарски е навистина од второстепено па дури и третостепено значење. Ние како членови на Комисијата воопшто не спориме со именувањата на тие царства во различните студии“.

Ваквата сепак позитивна нишка кон читањето на светската византологија, но и кон обединувањето на нашата заедничка историја, за жал не беше запазена во соодветно решение на Заедничката историска комисија на 14 средба, одржана на 10-11 јуни 2021 година. Тогаш колегите од Северна Македонија, спротивно од напишаното од двајцата, не само што не се сложија со доминантната теза во современата историографија, која ја именува државата на Самоил како Бугарско царство, ами и отфрлија каква и да е дискусија во врска со прашањето за цар Самоил и неговото време. Не мислам дека со тоа придонесовме за подобра иднина на нашите две општества и на целиот регион. Доколку го ограничиме опфатот на работата на Комисијата, во нарушување на самиот Договор за пријателство и добрососедство, тешко дека ќе стигнеме далеку.

(Целиот текст прочитајте го на www.respublica.edu.mk)

Претходна статија

Заев се согласува со Радев за потребата од дијалог меѓу Скопје и Софија, очекува исчекор од новата бугарска влада

Следна статија

Николов: Ако власта сакаше Клинички центар, требаше да го изгради тој што го остави ВМРО-ДПМНЕ со готов проект и обезбедени финансиски средства

Најново од Истакнато