За прекугранична соработка РС Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

/

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен пункт „Клепало” помеѓу општините Струмјани и Берово.

Вкупно 30 милиони евра од Европската унија ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Република Македонија во следните седум години. Средствата се во рамките на Програмата за прекугранична соработка, со која управува бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи.

Бугарскиот заменик-регионален министер Захари Христов, објавија бугарски медиуми, појасни дека инвестициите ќе бидат насочени кон развој на чиста и зелена средина, одржлив туризам и поддршка на конкурентноста во прекуграничниот регион. Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен пункт „Клепало” помеѓу општините Струмјани и Берово.



Христов рече дека благодарение на програмите Интеррег, во последните 20 години е обновен изгледот на пограничните населени места на двете земји. Обезбеден е соодветен пристап до природните знаменитости, обновени се античките тврдини и цркви, а помогнати се и локалните културни, образовни и спортски центри да бидат активни. Според него, досега направеното придонело за позитивна промена во односите меѓу двата народа.

Оваа година, Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА помеѓу Бугарија и Македонија по повод Денот на европската соработка, денеска организира Виртуелен саем за туризам, вклучувајќи различни дестинации во рамките на програмата.

Претходна статија

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Следна статија

Секое лице може да ги провери податоците кои попишувачот ги внесува за него

Најново од Вести