ЗА УПИС НА ФАКУЛТЕТИТЕ СО ДИПЛОМА ЗА ЗАВРШЕНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА

/

На високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови, ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави министерот за образование и наука Арбер Адеми, пренесува Канал 5.

-Ги уредивме и уписите во оваа академска година на високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави Адеми на својот Фејсбук-профил, соопштувајќи дека Владата на седница ги усвоила уредбите за основното, средното и виското образование со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитнообразовниот систем.



Адеми ги наведува и одлуките кои Владата ги донесе во четвртокот – укинување на државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците од завршните години запишани во оваа учебна година, учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи односно наставата до 10 јуни ќе заврши по пат на далечинско учење, а уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни наместо во мај.



Претходна статија

ГЕРО ВЕЧЕРВА ЌЕ ОБЈАВИ ЗОШТО ДЕН ДОНЧЕВ ГО НАПУШТИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Следна статија

ФАУЧИ: НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА КОВИД-19 “ИЗБЕГАЛ“ ОД КИНЕСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Најново од Вести