За затворските денови на политичарите, за дрогата и за бегствата од затворот во Шутка – интервју со директорот Андов
Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, во интервју за „Макфакс“, појаснувајќи ги состојбите во институцијата што ја предводи одговара на прашањата за корупција, дрога и нелегално поседување мобилни телефони меѓу затворениците.
Дали постои корупција и криминал во институцијата во која престојуваат лица што згрешиле пред законот, меѓу нив и довчерашни функционери, експратеници, судии, обвинители и слично. Има ли корупција меѓу вработените?
Пред три дена, појаснува Андов, надлежните во затворот откриле прашеста материја. Вели дека се борат со појавата на дрога и нелегално снабдување со телефони меѓу затворениците и дека е тешко виновникот да се натера да признае.
„Имаме и други методи како може да се откријат инфицираните вработени, кои може да го турнат целиот систем на затворска полиција“, додава Андов.
Раскажува дека откога е дојден на функцијата, неколкупати има запрено влез на забранета стока во затворот. А таа, како што вели, до корисникот доаѓа преку кантината, односно се внесува преку храна или најчесто преку дофрлување од надворешната страна на затворот.
„Во 1968 година, кога е направен затворот, околу него немало ништо, сега околу него сѐ е изградено и зградите директно гледаат над шеталиштата над притворскиот дел. Секојдневно фрлаат, дали телефони, дали трева, дали дрога од надворешниот дел“, посочува Андов.
Дали партиските врски беа доволни за привилегии во ќелиите на ексфункционерите: Рашковски, Зеќири, Панчевски?
„И да сакам, која привилегија можам да им ја дадам?“, истакнува директорот на затворот.
Имаше ли страв од Сашо Мијалков додека беше во притворското одделение во Шуто Оризари? Што прави Александар Василевски-Нинџа? За скандалозните бегства од затворите, кој спие во т.н. хашки ќелии, за Груевски и слично – во интервјуто за „Макфакс“ одговара Филип Андов, директорот на затворот во Шуто Оризари.