„Ако до 15 септември не се донесе законот за новото Обвинителство, завршува мандатот на шефот на СЈО, но останува мандатот на обвинителството, кој трае уште една година. Тогаш државата ќе биде во непријатна состојба да изнаоѓа непосакувани начини за да продолжи да работи ЈО“- изјави Зоран Заев за време на заедничката прес конференција со помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер.
„Државата мора да го најде начинот, мора да продолжи да работи како и институциите на системот. Затоа целта е да бидеме одговорни политичари, да седнеме сите како и досега. Ние од власта прифативме сериозни конкретни сугестии од опозицијата кои се веќе вградени во новото предлог законско решение“- додаде премиерот Заев.