ЗАЕВ: ЌЕ БИДАМ СРЕЌЕН АКО ВМРО-ДПМНЕ ГО ОЛЕСНИ ПАТОТ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес- конференција изјави дека почнал да разговара и се труди да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за носење на Законот за јавно обвинителство.
„Ќе бидам среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ни се придружи и го олесни патот за негово донесување, но верувам како општество, како држава, како Парламент треба до 11 февруари – денот пред распуштање на Парламентот да се обидеме да гласаме за законот. Тоа би била важна работа завршена за граѓаните и пред се силна алатка и инструмент на европскиот комесар, за земјите-членки на ЕУ на идните состаноци на Европскиот совет, за донесување на толку долго очекуваната одлука за датум за почеток на преговорите“, подвлече Заев на прес-конференција во партиското седиште.