Заев сè уште не одлучил за кандидат во Кичево – Таравари: ДУИ ги распарчува албанските гласови со двајца кандидати

/

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се уште без одговор дали на локалните избори за Кичево ќе излезе со свој кандидат или ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари. Заев рече дека на ова прашање ќе одговори утре.

Пред неколку месеци, Ахмети и Заев ја објавија нивната соработка за локалните избори но без да прецизираат за кои општини.

И АА размислува да излезе со свој кандидат за Кичево, но се уште ништо не е дефинирано. Генералниот секретар на оваа партија Арбен Таравари рече дека ДУИ со двајца кандидати ги распарчува албанските гласови во Кичево.

„За Кичево се уште немаме одлука, но како што знаете, сега има објавено двајца кандидати. Едниот е кандидат на ДУИ, другиот е братучед на Али Ахмети. Ние се уште не сме одлучиле, но размислуваме за свој кандидат, значи би ја објавиле втората кандидатура, што значи дека ние го цепкаме албанскиот глас, но сега албанскиот глас не го цепка АА, туку албанскиот глас е распарчен таму“, вели Арбен Таравари.



Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ објавија голем дел од нивните кандидати за градоначалници, а за Кичево се уште немаат конкретно име. Пред неколку дена, АА, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека се кон финализиација на договорот за коалиција на локалните избори, и доколку ВМРО-ДПМНЕ не настапи со свој кандидат, тоа подразбира дека најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на албанската опозиција односно кандидатот на АА-ААА.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Заев: Нема друга алтернатива освен вакцинација – мерките ќе бидат на сила се додека се постигне колективен имунитет

Следна статија

Пентагон: За 24 часа од Кабул евакуирани 16.000 лица

Најново од Вести