|

ЗАЕВ: ВЕЌЕ ЈА ПОТПИШАВ МОЈАТА ОСТАВКА

Премиерот Зоран Заев утрово изјави дека ја потпишал оставката, по што се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

„Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада“, рече Заев гостувајќи во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Тој очекува целата постапка да помине без проблеми, потсетувајќи дека праксата за формирање преодна влада е воспоставена уште во 2016 година на барање на СДСМ кои тогаш беа опозиција.



Слични Објави