АВСТАЛИСКАТА АРМИЈА ПОЧНА ЕВАКУАЦИЈА НА ЛУЃЕТО ЗАГРОЗЕНИ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ГРАДОТ МАЛАКУТА
Австралиската армија почна да евакуира стотици луѓе кои се загрозени од пожарите од југоисточниот град Малакута.
Во пожарите во Австралија загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици се водат како исчезнати. Повеќе од 1.300 куќи се опожарени од септември, кога почнаа пожарите. Огнот уништи површина двојно поголема од Белгија.
Брод на австралиските воено поморски сили пристигна во Малакута за да ги евакуира луѓето кои за време на новогодишната ноќ најдоа засолниште на плажите. Додека од воените авиони беше фрлена хуманитарна помош во изолираните региони од огнот.

