ВО МАКЕДОНИЈА 10 ГОДИНИ НЕМА КОНКУРСИ ЗА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ

//

Во Македонија десет години нема конкурси за национални научноистражувачки проекти. По тоа сме единствени во Европа и многу пошироко, вели проф. д-р Виктор Стефов од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во материјал на Fakulteti.
Најголемиот државен универзитет во земјава, „Св. Кирил и Методиј“, со години оди надолу на светските листи за високо образование, а слична е состојбата и со другите високообразовни институции. Со повеќе научници во земјава го отвораме прашањето каков е третманот на науката во Македонија и како тоа влијае врз рангирањето на нашите универзитети во светски рамки?

„Практично на сите тие листи нашиот универзитет во последните години е во надолен тренд. На пример, на листата на webometrics за четири години паднавме за околу 600 места, што е огромен пад за толку кратко време. За тоа има многу причини, но најважната е што научните резултати и нашата видливост преку нив се секоја година послаби, а тоа е последица на фактот дека нашата наука според издвојувањата е на самото дно во Европа и светот во целина“ објаснува Стефов.



Претходна статија

(ВИДЕО) КОЛЕВ: АКО НЕ УСПЕЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ МОДЕРНА И ОБРАЗОВАНА НАЦИЈА ЗНАЧИ НИЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ СМЕ ЗАВРШИЛЕ НИКАКВА РАБОТА

Следна статија

ВО АЛБАНИЈА 110 ДЕЦА СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Најново од Вести