ВО АЛБАНИЈА 110 ДЕЦА СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19
Министерството за здравство на Албанија, објави дека според последниот извештај за заболени лица од Ковид-19 се регистрирани вкупно 2.752 случаи.
Од извештајот станува јасно дека не е мал бројот на заболени деца со корона вирус.
Од почетокот на епидемијата во земјата, со Ковид-19 се дијагностицирани 110 деца, а најмалиот пациент е едномесечно бебе. Од вкупната бројка околу 25 отсто од заразените деца се активни на болеста.

