Заев за ЕУ самитот во Словенија: Не е одлучувачки, но очекувам чиста и јасна порака за проширување

Премиерот Заев изрази уверување дека на престојниот Самит на ЕУ, ќе биде испратено порака за проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан. Како што кажа тој, иако Самитот не е одлучувачки, тој би можело да биде јасна мотивација до земјите од регионот.

„Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит посветен на Западен Балкан…Јас верувам дека со соодветни формулации на реченици со конкретни гестови, ќе се испрати порака за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и ќе биде јасна“, рече Заев.

Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 6 октомври во Брдо кај Крањ, Словенија.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Пендаровски: Решението со Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство

Следна статија

Заев за спорот со Бугарија: Ние сме пријателски земји, со два народа блиски, низ разговор и дијалог да се најдат решенија

Најново од Вести