Пендаровски: Решението со Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство

/

За Договорот од Преспа, европската перспектива на нашата земја и односите со Бугарија, за соработката со Грција, но и за договорот со Турција, говори претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“, во пресрет на неговата посета на Грција на 5 и 6 октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови, а паралелно изразува надеж дека со новата Влада во Софија ќе продолжат разговорите, но и порачува дека решението треба да биде усогласено со Договорот за пријателство и соработка.

-Ќе продолжиме да дејствуваме конструктивно во разговорите со официјална Софија. Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик. Се надеваме дека по бугарските избори ќе ги продолжиме разговорите со новоизбраниот претседател и со политичка Влада со целосна власт што ќе има мнозинство во Парламентот, истакнува претседателот.



Во интервјуто што е под наслов „Спроведувањето на Преспа е меѓународна и наша внатрешна обврска“, претседателот Пендаровски ја истакнува важност на Договорот за двете земји, вели дека „најважното е тоа што ги одреди идните односи“ и е пресвртница за подобрување на економската соработка, преземање иницијативи во повеќе области како што се безбедноста, одбраната, образованието, науката и културата.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Казнети 202 возачи во Скопје, од кои 65 за брзо возење

Следна статија

Заев за ЕУ самитот во Словенија: Не е одлучувачки, но очекувам чиста и јасна порака за проширување

Најново од Вести