ЗАЕВ: ЖАЛАМ ШТО ГИ ОБЈАВИВ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ
Премиерот Заев истакна дека жали што ги објавил телефонските броеви на Вес Мичел и останатите државници, но подвлече дека не планира да поднесе оставка, бидејќи според него во случајот не се работи за издавање на државна тајна. Заев истакна дека во разговорите со лажните Порошенко и Столтенберг не кажува никакви тајни туку ги повторува сите заложби за евроинтеграциите на Македонија со цел да се заштитат македонските стратешки интереси.
