ЗАЕВ: НЕМА ПОТРЕБА НЕКОЈ ДА ПОДНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЛАЖНИТЕ РАЗГОВОРИ
Премиерот Заев истакна дека никој нема потреба да преземе одговорност за случајот со лажните телефонски разговори, бидејќи такво нешто се случило и во поголемите држави. Според него има чуство на горчина заради фактот што е излажан премиерот на Р. Македонија. Заев истакна дека ако има потреба ќе се извини на несреќно спомнатите земји.
