Зајакнување на парламентарната соработка: Гаши на средби со Блондел и Корнијенко
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул, оствари билатерални средби со претседателот на Сенатот на Кралството Белгија, Винсент Блондел, и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Олександр Корнијенко.
На средбата со Блондел, беше потврдена добрата и стабилна соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за нејзино понатамошно унапредување. Претседателот Гаши ја нагласи важноста на поддршката од Белгија за европската перспектива на Северна Македонија, потенцирајќи дека проширувањето на Европската Унија претставува клучен фактор за стабилноста и безбедноста на континентот. Соговорниците ја истакнаа улогата на парламентарната дипломатија и се согласија за продлабочување на соработката преку размена на искуства и добри практики.
На средбата со Корнијенко, претседателот Гаши ја повтори цврстата поддршка на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Истакната беше одличната билатерална соработка и интензивниот парламентарен дијалог, како и значењето на понатамошно зајакнување на односите преку парламентарните групи за соработка. Претседателот Гаши ја изрази подготвеноста на Северна Македонија да продолжи да придонесува во меѓународните напори за постигнување траен мир и во процесот на обнова на Украина.
Соговорниците заеднички оценија дека постои значителен потенцијал за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, особено во рамки на Интерпарламентарната унија.
Активностите на 152. Собрание на ИПУ, продолжуваат со седници на сите статутарни тела на Унијата, вклучувајќи ги Управниот совет, четирите постојани комисии, Форумот на жени пратенички, Форумот на млади пратеници, Комитетот за човекови права на пратениците и др.
Се очекува на 152. Собрание на ИПУ да биде усвоена новата Стратегија на ИПУ за периодот 2027–2032 година, како и да биде избран нов генерален секретар на организацијата, кој ќе го замени досегашниот генерален секретар Мартин Чунгонг.
