СДК: КРИВИЧЕН ГО СПАСИ ГРУЕВСКИ ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ

//

Со директна помош и впрегнување на сите сили на Основниот суд Скопје 1, на избеганиот експремиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски му застарува кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ во случајот „Траекторија“ Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за кое казната е до три години затвор.

САКАМДАКАЖАМ.МК присуствуваше на сите судски рочишта за „Траекторија“ на СЈО, за изградбата на кинеските автопати, и сумираше како девет месеци тоа судење никако не почнуваше. Обвинението беше поднесено на 30 јуни 2017, а воведните зборови обвинителката Лиле Стефанова, поради блокадите што ги дозволуваше судијата, ги даде дури на први март 2018.



Вакви примери да не се дозволи 9 месеци да почне судење за организиран криминал, при обвинение во кое се тврди дека обвинетите ја оштетиле државата за 155 милиони евра, не само што не се забележани, туку и не се дозволени во земјите со владеење на правото, велат судии. Претседател на Основниот суд Скопје 1 во тој период беше врховниот судија Стојанче Рибарев.

Претходна статија

ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП БАРААТ ДОБЛИЖУВАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН НА ЛОКАЛНО НИВО

Следна статија

ПОЖАР СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО МАНАСТИРОТ СВ ДИМИТАР ВО ПРИЛЕП

Најново од Вести