ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП БАРААТ ДОБЛИЖУВАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН НА ЛОКАЛНО НИВО
Децентрализација и реална имплементација на Конвенцијата за правата лицата со хендикеп при Обединетите нации беше тема на денешната дебата на фокус –групата во Крива Паланка која ја организираше здружението „Хендикеп плус“.
Активноста е дел од проектот „Регионални политики за хендикеп“ што „Хендикеп плус“ го спроведува во партнерство со „Активен живот“ од Тетово, финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас.
-Спроведуваме истражување со цел да ги согледаме размислувањата на лицата со и без хендикеп во поглед на остварување на граѓанските, економски, политички социјални и кулутрни права на граѓаните со хендикеп во државата,како и нивното учество во креирање политики и носење одлуки на локално ниво, согласно Конвенцијата на ОН. Ефикасното и ефективно спроведување на одредбите од Конвенцијата за правата лицата со хендикеп при ОН неминовно се поврзани со обврските на државата по вертикала, од национално на локално ниво. Поради тоа и единиците на локалната самоуправа треба да играат важна улога во спроведување на одредбите, изјави Бранкица Димитровска, координатор на проектот.

Целта на фокус-групата е да се идентификуваат проблемите со кои с есоочуваат лицата со хендикеп на локално ниво, но и да се согледа моментната состојба околу вклученоста на лицата со хендикеп и нивните здруженија во креирањето политики и носење одлуки на локално ниво.
На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, од Советот на општината, политички партии, локални институции од областа на здравствена и социјална заштита.
-Неопходно е локалната власт час поскоро да ги препознае како зедница и како индивидуални иколективни права на лицата со хендикеп, да овозможи нивно активно вклучување во креирање политики и овозможување сервиси за поддршка на овие лица.Неопходно е општините континуирано да работат на подигнување на јавната свест по однос на лицата со хендикеп, со цел надминување н анивната стигматизација и маргинализација, рече Елена Кочоска од „Полио плус“
Фокус група е планирно да се состане и во Тетово, во организација на невладината „Активен живот“.
