ФЕТАИ И БУБЕВСКИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ГО ЗАСТАПУВААТ „МОНСТРУМ“
Обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи ќе продолжат да го застапуваат обвинението за случајот “Монструм”, кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковските езера, неофицијално дознава МКД.мк. Според нивните информации за рочиштето кое е закажано за утре, обвинители ќе останат Фетаи и Бубевски, а со тоа нема да се дозволи судењето да се одложува поради обвинителите.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески кој претходно нагласи дека нема да дозволи предметите да се одолговлекуваат, треба и официјално да донесе одлука дали Фетаи и Бубевски кои во СЈО се вратени во Основното јавно обвинителство во Скопје ќе останат да постапуваат по овој предмет.
Одлука треба да се донесе и за останатите предмети на СЈО кои ги презема ЈО.
Целиот напис прочитајте го овде.

