КАМЕНОС ЌЕ ГИ БРКА ОД НЕГОВАТА ПАРТИЈА СИТЕ ШТО ЌЕ ГЛАСАТ ЗА ИМЕ СО ТЕРМИНОТ МАКЕДОНИЈА
Панос Каменос претседател на партијата Независни Грци, која е дел од владејачката коалиција заедно со Сириза на Ципрас рече дека нема да поддржи договор што ќе содржи име со терминот Македонија, но нема да ја доведе во ризик владината коалиција. Во меѓувреме, лидерот на Независни Грци им се закани на членовите на неговата партија дека „секој кој нема да ја следи позицијата на партијата за прашањето за спорот за името, ќе биде автоматски исклучен од партијата“.