ТЕСТ: ШТО ВИДОВТЕ НАЈПРВО НА СЛИКАТА?
Овој визуелен тест ќе ви помогне да откриете нешто ново за себе. Погледнете ја сликата. Што видовте најпрво? Дали сте подготвени? Проверете го одговорот:
1. Жена
Ако прво ја забележавте жената тогаш тоа значи дека сте вљубени во … вашиот изглед. Понекогаш сте прилично суетни и сакате да изгледате добро во очите на другите. Сакате комплименти, особено ако тие се за вашиот стил. Ова не значи дека вие ги судите луѓето според нивниот изглед, но за вас лично како вие изгледате е доста важно. Вие често се споредувате со другите и ако споредбата не е во ваша корист, таа може да го наруши вашето расположение и да изнесе многу од вашите комплекси.
2. Река
Ако првото нешто што го видовте е река, тоа значи дека сте вљубени во… вашата работа! Знаете дека треба да посветите поголемо внимание на вашите најблиски и да ја балансирате вашата приватност и работата, но вистината е дека вие сте работохолик. Имате социјален и материјален статус, вие сте амбициозни и никогаш не се откажувате.
3. Мост
Ако најпрво го видовте мостот, тоа значи дека не сте многу сочуствителни. Не дека имате студено и нечувствително срце, но често не обрнувате внимание на чувствата на другите или не можете да се ставите на нивно место. Не го правите тоа намерно. Кога некој ви кажува дека е добро или не е добро, само му верувате и не го распрашувате. Ретко ги прашувате вашите пријатели како се и ако имаат проблем, се потпирате на тоа, тие самите да ви кажат дали има нешто. Поентата е во тоа што тие знаат дека не сте најосетливата личност и затоа не сакаат да ве заморуваат со нивните проблеми. Треба да научите да посветувате повеќе внимание на чувствата на другите.
4. Брод
Ако првото нешто што го видовте е бродот, тогаш имате големо его и сте перфекционист. Сакате да се занимавате со сè, не им верувате на другите лесно, и не ви се допаѓа тимската работа, бидејќи секогаш сами ги извршувате повеќето задачи, а останатите ескивираат. Вие сте навистина неверојатни, но сепак немате суперсили. Запомнете дека можете да се потпрете на вашите пријатели во тешките моменти и нема ништо срамно во тоа.