| |

Митрофанова за новинарот Грозев: Издадената потерница за Грозев во Руската федерација, не значи дека некој ќе го бара низ целиот свет

Средбата во бугарското Министерство за надворешни работи помина конструктивно. Разговаравме за прашања во врска со наставата на бугарскиот јазик во регионот Запорожје, во Мелитопол, Гордјанск и други градови. Се договоривме сите достапни информации со кои располага Министерството да ни бидат испратени. Ние од наша страна ќе ги провериме списоците на бугарските училишта и ќе се направи проверка.

Само сакам да нагласам дека нашата земја е мултинационална – во руските училишта се изучуваат над 79 различни странски јазици, вклучително и бугарскиот. На Крим има дури и училиште во кое децата од 1 до 10 одделение учат на бугарски.

Ова го рече амбасадорката на Руската Федерација во Бугарија Елеонора Митрофанова на излегување од бугарското МНР, каде што беше повикана на разговор од бугарскиот министер за надворешни работи за случајот со Христо Грозев, јавува БГНЕС.

Се обидов да си го разјаснам случајот со прекинот на наставата по бугарски јазик и открив дека во училиштата на руска територија нема доволно наставници по бугарски јазик. Голем број граѓани ја напуштија државата, а во контекст на непријателства и непредвидливи ситуации, разбирливо е дека некои училишта работат со ограничени капацитети.

За Христо Грозев, Митрофанова коментира дека на средбата со бугарските дипломати било договорено бугарското МНР од руското МНР да ги побара податоците за случајот со Христо Грозев. „Тоа што за Грозев е издадена потерница во Руската Федерација не значи дека некој ќе го бара низ целиот свет. Ова треба да се сфати многу јасно. Односно, тој живее некаде, и тоа е тоа, никој не му се заканува. Ова е едноставно предупредување од типот „не доаѓај повеќе овде“, додаде Митрофанова. На веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи никогаш не се пишуваат конкретните обвиненија против ниту едно лице, прецизира понатаму руската амбасадорка.

На прашањето како ги оценува бугарско-руските односи, руската амбасадорка коментира дека тие почнале да одат во надолна линија „од втората половина на 2019 година“. „И така достигнаа до не особено доброто ниво, какво што е во моментов. Има контакти со владата, но тие се епизодни и се однесуваат на конкретни прашања. Но, ние секогаш одговараме на поканите за состаноци и сме подготвени да соработуваме.

Исклучително е важно бугарското МВР да побара конкретни информации за обвиненијата против Грозев, па потоа конкретно ќе се расчисти ситуацијата, заклучи Митрофанова.

Митрофанова ги коментираше гласините дека во различни училишта на територијата на Русија се отстрануваат портрети на Бугари со зборовите „секакви идиоти. Не можам да одговарам за постапките на разни идиоти“.



Слични Објави