ДОБРО БЕ НЕВОСПИТАНИ, БЕЗОБРАЗНИ, НЕЧОВЕЧНИ, СЕБИЧНИ, САМОЖИВНИ, БЕСПАМЕТНИ, КАКО НЕ ВИ Е СРАМ БЕ?

Долго време молчам. Гледам секојдневно, не дека не ме изненадува ништо повеќе, не дека сум оттрпнат, не дека не се нервирам, ама со ваква турбо работа која бара и максимална концентрација едноставно не смеам да губам енергија.
Но денес………..

Добивам порака во месинџер од дете што го знам:

„Многу ми фалат другарките, немам со кого да си играм.
Саааакааам дружба со другарките 😰“

Ме прашуваат многу деца кога ќе се собереме, кога ќе играме оро, кога ќе пееме на Школка, кога ќе се сликаме сите заедно. Јас им велам набрзо, се надевам дека што побрзо ќе се видиме и израдуваме. Но, гледајќи ве вас знам дека нема да биде така брзо.

Боли. Боли до коска, до најситната и најдалечната клетка во телото. Боли кога непотребно децата се мачат. Боли до толку што те тера да испцуеш се она што претерува со однесување.

Добро бе невоспитани, безобразни, нечовечни, себични, саможивни, беспаметни, како не ви е срам бе? Како немате месеци и месеци грам акал во тоа црпките да размислите малку? Месеци се обидуваме да ви укажеме дека треба да почитувате мерки, треба да се однесувате соодветно на ситуацијата, се обидуваме да ви покажеме дека не е проблемот само во вашето неверување во ништо кое за жал очигледно не е ваше туку ви е наметнато. Дека проблемот сте вие кои ја усложнувате премногу и така тепката ситуација.
А вие не е..те жива сила.
Упорно и упорно вие сте некаков вид бунтовници од не знам кои причини. Нема што вас некој да ви кажува маска да носите, сите лажат, ова нема врска, од лабораторија е не е природен, вие не сте виделе еден заболен и слично. Вие сакате одмор и тачка, ама одмор у гужва јер иначе тоа не е одмор. И тоа ве прави high & happy.
Вас не ви се битни никој, почнувајќи од вас. Ниту вашите деца, родители, комшии, пријатели и нивните семејства. Не ви се битни сите познати и непознати. Не сте си битни ни самите себеси.
Знаете ли дека има деца кои со месеци седат дома изолирани или кога излегуваат надвор прошетките им се само со најблиските, кои си ги немаат видено другарчињата од училиште или од зграда, од улица 5-6 месеци а како тргнало со вашето необјасниво однесување ќе ги казните уште месеци? Знаете ли дека на овие деца им фали дружбата? Им фалат седењата пред зграда, лимонадата во Ескимо, брканиците на плочниците, сладоледот од Ригара…им фалат децата.
А знаете ли дека вие сте тие што ги казнувате и ги правите тажни? Вие сте тие кои со ништо не помагате ова лудило да заврши што побрзо и повторно да ги видиме нивните насмевки и радости надвор на ова убаво време.
Да, токму вие сте виновни.
Ама затоа вам ништо не ви фали, вие сте на плажи каде што сте кул и фенси, ве дира у срце Аца или Сека и вам денот ви е топ. Блади Мери & помешај сиву и златну е она вистинското за вас. Другите кој ги е..е.
Всушност многу ви фали, празни сте. Едноставно нема со што да размислите што и кому му правите. А правите беља, верувајте. Правите ова да ни потрае наместо да броевме ситно, правите вашите и наши родители да стрепат секој нареден ден, а како што можете да видите и некои ваши врсници се во таа подисплашена група. А се тоа заради вашата непромисленост и огромна, огромна себичност.
Знам дека ова како и се претходно нема да допре до вас бидејќи на паметен човек еднаш му кажуваш. А повторување кое трае 6 месеци – епа знаете и сами што значи тоа.
Опаметете се, вразумете се, вашево не води никаде.
Најмалку на арно.
Ак мојте, ак не – то ни е!
Жал ми е за децава кои ете со нетрпение чекаат да се дружат со другарчињата и кои верувам никако да разберат зошто има толку прости, лоши и злобни луѓе. Ама им ветувам дека сепак ќе победи разумот и дека дружбите ќе дојдат набрзо затоа што „на бога камења не сме фрлале“ за да бидеме вака казнети.

Фб статус на Денис Јанкуловски