Зајкова: Немаме проблем Бугарите да влезат во Уставот, ќе предложиме и влез на Евреите

/

Моника Зајкова е избрана за нов претседател на Либерално-демократската партија на осмиот партиски конгрес на кој таа беше единствен кандидат за лидер. Зајкова, која досега беше потпретседателка на ЛДП и е пратеничка во Собранието, го наследува Горан Милевски кој партијата ја водеше од 2015 година.

-Ни претстојат сериозни реформи, процеси кои ќе бидат можеби долги и сигурно ќе нè чинат многу, но ќе значат подобра, попрогресивна европска држава, подобар животен стандард на сите граѓани, рече новата претседателка на ЛДП.

Во однос на измените на Уставот, рече дека за ЛДП никогаш не било проблем  Бугарите што живеат во земјава да бидат внесени во Уставот, но заедно со нив и припадниците на еврејската заедница.

-Бидејќи како либерали секогаш сме се бореле за човековите права и за правото на самоопределување на секој. За нас не е спорно влезот на Бугарите во Уставот, но ќе предложиме  и влез на еврејската заедница како дел од народ кој учествувал во креирањето на темелите на оваа држава и учествувале во Народноослободителната борба, истакна Зајкова.





Претходна статија

Софија ќе испрати девет авиони оружје за Украина

Следна статија

Утрово температурите над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка

Најново од Вести