ЗАЛЕТАНИОТ ЛИВЕРПУЛ МУ ГОСТУВА НА АТЛЕТИКО, ТУХЕЛ ЌЕ ВОЈУВА ПРОТИВ „СВОЈОТ“ ДОРТМУНД!

/

По паузата повторно ни се враќа елитниот фудбал и тоа со две спектакуларни пресметки. Ливерпул по 262 дена повторно се враќа на стадионот „Ванда Метрополитано“, а минатиот пат кога заиграа таму, тие го кренаа трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ). Финалето одиграно на први јуни минатата година во кое победија со 2-0 им ја донесе шестата титула во елитното натпреварување. Додека во вториот меч ПСЖ гостува кај Борусија во Дортмунд, каде што се очекуваат многу голови.

Англискиот гигант уште на самиот старт во ЛШ го очекува тежок противник, па тие ќе треба да се соочат со Атлетико Мадрид.

„Не знам какво ќе биде чувството да се вратиме, ама мислам дека ќе биде позитивно. Последен пат кога игравме тука имавме важен меч и сега повторно се соочуваме со голем предизвик“, кажа Клоп.

Ливерпул во Мадрид стигна со перфектен резултат од Премиерлигата, зашто немаат ниту еден пораз, односно сите им се победи освен едно реми во домашниот шампионат.

Ривалот воопшто не е лесен, а за тоа е свесен Клоп, кој имаше пофални зборови за стратегот Диего Симеоне.

„Нема да добиеме никаков подарок. Постои причина зошто Атлетико е толку често во европските финалиња. Тие изгледаа страшно“, кажа Клоп.

Атлетико, сепак, не може да се пофали со најдобри резултати сезонава, зашто имаат 13 бода помалку од првопласираниот Реал Мадрид и победија само на 10 меча во 24 кола.

Шпанскиот клуб ќе биде без Жоао Феликс и Кјеран Трипие, додека Клоп не може да смета на Натаниел Клајн и Џердан Шаќири.

Ливерпул и Атлетико се сретнаа неколку пати досега, а шпанскиот тим е поуспешен затоа што има две победи, додека Ливерпул само една и уште три средби завршиле без победник.



Вториот осминафинален меч се игра помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ, а тренерот Томас Тухел се враќа кај поранешниот клуб, кој ќе се обиде да го елиминира од елитното натпреварување.

Тухел беше тренер на Дортмунд пред неколку години, но од тогаш се променети многу работи кај германскиот гигант, кој откако го купи младиот Халанд постигнува многу повеќе голови, па сигурно навивачите ќе бидат сведоци на возбудлив меч.

Овие две екипи досега играат двапати во ЛШ и тоа пред 10 години, а ниту еден тим не излезе како победник од натпреварите, зашто тие одиграа 0-0 и 11.

Двата вечерашни дуелис е играат од 21 часот, додека реваншите на истите се на 11 март.

Извор: Спорт1



Претходна статија

СПАСОВСКИ – САСОЛИ: РЕФОРМИТЕ И НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА СЕ ВАЖНИ ЧЕКОРИ КОН ОТПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

Следна статија

ПРОМОЦИЈА И ТРИБИНА ЗА КНИГАТА „ШТО Е АРХИТЕКТУРА?”

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи