| |

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Иванка Ташева се сретна со архимандритот Гаврил игумен на Зографскиот манастир

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Иванка Ташева се сретна со новоизбраниот игумен на Зографскиот манастир „Св. великомаченик Георгиј Зограф“, архимандрит Гаврил во Министерството за надворешни работи.

Ташева ја истакна улогата на манастирот како чувар на бугарското духовно, културно и историско наследство, како и значењето на соработката меѓу бугарската држава, Бугарската православна црква и манастирот.

На средбата се разговарало за заштитата, реставрацијата и промоцијата на културно-историското наследство, вклучително и за дигитализацијата на вредните ракописи, архивски и библиотечни фондови.



Слични Објави