| |

Запален автомобилот на познатиот активист за правата на македонските Бугари Димитар Црномаров

Во саботата во временскиот период од 1 часот до 1:30 часот после полноќ во центарот на градот Битола за време на настанот „Бела ноќ“се случил инцидент со автомобилот на познатиот активист за правата на македонските Бугари Димитар Црномаров од истиот град. Од фотографиите што ги добивме станува јасно дека колата е запалена. На местото на инцидентот дошла полиција и пожарна, а истрагата е во тек.

Од фамилијата Црномарови се сомневаат дека се работи за намерно предизвикан пожар.

„Се сомневаме дека инцидентот со автомобилот не е случаен, бидејќи истиот макар и стар, беше во одлична техничка состојба“, изјави за нашиот портал член на фамилијата Црномарови.

Димитар Црномаров е познат активист за правата на македонските Бугари. Основач е на ВМРО – ДПМНЕ, се залагал за идеите на автентичното ВМРО за независна македонска држава и идеите на Иван Михајлов, Македонија, Швајцарија на Балканот. Подоцна во време на владеењето на Љубчо Георгиевски во 1999 е поставен за началник на Народна Одбрана Битола. Во 2001 за време на воениот конфликт е началник на СВР Битола до смената на власта, кога се пензионира како инспектор за дрога и оружје.

Слични Објави