| |

Министерството за труд и социјална политика на Бугарија со предлог минималната плата во Бугарија да се зголеми на 620 евра од следната година

Министерството за труд и социјална политика на Бугарија предлага минималната плата во Бугарија да се зголеми на 1213 лева (околу 620 евра) од 1 јануари 2026 година, јавува БГНЕС. Новиот износ претставува раст од 12,6% или за 136 лева повеќе во споредба со сегашната вредност. Истовремено, минималната часова плата ќе биде 7,31 лева (3,74 евра).

Според Министерството за труд и социјална политика (МТСП), зголемувањето ќе донесе повисоки приходи за речиси 600.000 луѓе. Националниот завод за статистика проценува дека во второто тримесечје од 2025 година околу 456.700 лица работеле на полно работно време за минимална плата. Поголеми примања ќе добијат и околу 83.000 лични асистенти кои се грижат за деца и возрасни лица со попречености, како и речиси 30.000 вработени во социјални услуги финансирани од државата. Зголемување ќе има и за сите што работат преку програми и мерки за вработување финансирани од буџетот, како и за професионалните згрижувачки семејства.

Повисоката минимална плата ќе придонесе за намалување на сиромаштијата кај работниците, ќе ја зголеми куповната моќ и потрошувачката на најнискодоходните групи. Предложените 1213 лева се усогласени со прогнозите за растот на БДП и развојот на пазарот на труд во земјата.

Предлогот најпрво ќе се разгледа во Националниот совет за трипартитна соработка со работодавачите и синдикатите, а потоа ќе биде доставен до Владата на усвојување.



Слични Објави