|

Запленети 98 илјади евра на граничниот премин Богородица

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин, кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата.

На 26 јули, околу 21 часот, на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична чанта на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени четири пакувања обвиени во црн најлон и селотејп, во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.

Во согласност со Законот за девизното работење, на патникот му се вратени 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе, без да го пријави, а преостанатите 98.000 евра се привремено одземени.

Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

Слични Објави