| |

Започна Меѓународниот фудбалски турнир за деца и младинци „Пирин куп“ 2024 Сандански- учествуваат и екипи од РС Македонија

Во градот Сандански започна годинешното издание на меѓународниот фудбалски турнир за деца и младинци „Пирин куп“ 2024 г. Стартот на турнирот, со симболичен прв центар го даде градоначалникот на општина Сандански – Атанас Стојанов.

На фудбалскиот турнир, кој е дел од календарот на Бугарскиот фудбалски сојуз, ќе учествуваат вкупно 224 екипи со повеќе од 3.000 деца и младинци од Бугарија, Грција, Северна Македонија, Молдавија, Хрватска и Србија.

И оваа година турнирот се одржува со хумана кауза, а имено собирање на сретства за Виктор Попов, активен фудбалер, кој е диагностициран со малиген тумор на коските.

Турнирот ќе продолжи во четири етапи до 3 март 2024 година.



Слични Објави