ЗАШТИТА НА ПАРТИЗАНСКАТА ПЕЧАТНИЦА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО С. ГОРНО ВРАНОВЦИ
Со финансиска поддршка на Министерството за култура во тек се активностите за заштита на просторот и експонатот во Спомен музејот- Партизанска печатница „Гоце Делчев“ во с. Горно Врановци, Велешко …
Согласно проектот со кој раководи кустосот историчар Мартин Клифов од Народниот музеј –Велес, претходно на објектот се извршени значајни градежни активности, а во моментов во тек е санацијата и зајакнувањето на просторот каде е поставена печатарската машина.
Објектот каде на 29 октомври 1944 година е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, е дел од Mеморијалниот музејски комплекс во Горно Врановци каде при крајот на Втората светска војна престојувале и работеле највисоките државни, воени и политички тела на тогашна Македонија.
